СВР Велес

Пријавите за бомбите во Кавадарци се лажни

Лажни биле пријавите за бомби во кавадаречки училишта, информираше попладнево портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

„Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Кавадарци, дека на електронските адреси на училиштата, била испратена закана за поставена експлозивна направа. Утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и по извршени проверки, утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, нагласи Самарџиев.

Претходно градоначалникот Митко Јанчев соопшти дека биле евакуирани децата се до известување дека просториите се безбедни. 

„Денес по пријава за поставена бомба во неколку основни и средни училишта, евакуирани се учениците и тоа од: О.О.У ,,Тоде Хаџи Тефов'' Кавадарци, и подрачно училиште во село Бегниште, ,,Димката Ангелов Габерот'' Кавадарци и подрачното училиште во село Сопот, ,,Страшо Пинџур'' Кавадарци, и подрачните училишта во селата Марена, Возарци и Дреново, С.О.У Гимназија ,,Добри Даскалов'' Кавадарци, С.О.З.Ш.У ,,Ѓорче Петров'' и С.О.У ,,Ќиро Спанџов Брко''.
Освен училиштата, во село Марена евакуирана е и градинката, заради непосредната близина на подрачното училиште. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот", напиша на Фејсбук градоначалникот Митко Јанчев.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе