Полициска акција на полицијата на неколку локации

Претреси во 10 објекти, МВР приведе 10 лица за шверц на мигранти

Полициски специјалци денес извршија претреси во 10 објекти лоцирани на подрачје на Гевгелија, Скопје, Штип и Куманово, а приведени се 10 лица, додека еден веќе издржува мерка притвор, за претходно сторено кривично дело „криумчарење на мигранти", соопшти портпаролот на МВР, Тони Ангеловски. Претходно МВР објави видео како се апселе осомничените лица припадници на криминалната група. 

„Од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции, СВР Струмица и Регионалните центри за гранични работи „Југ" и „Исток", во координација со јавен обвинител од ОЈО за Гонење на организиран криминал и корупција, беше спроведена координирана полициска операција со цел расчистување на кривични дела кои се однесуваат на организирање на група за вршење на кривични дела криумчарење мигранти" додаде Ангеловски.

Криминалистичката истрага над организираната 12-члена криминална група, која подолг временски период делуваше на тeриторија на Република Северна Македонија, се спроведуваше во изминатите десетина месеци, од страна на Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, во периодот од декември 2019 година досега. Организаторите на криминалната група М.С., неговиот син С.С. од Богданци, А. А. од Скопје и А.М. од с.Лојане-општина Липково, во соработка со лица од Р.Грција, организирале криминална група со која на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од декември 2019 година досега, организирале криумчарење на околу 100-тина илегални мигранти, при што се стекнале со значителна противправна имотна корист. Најголем број од мигрантите биле по потекло од Aвганистан, Пакистан, Сирија, Иран, Египет и други земји од Блискиот и Средниот Исток, кои претходно престојувале на територија на Р.Грција", информира Ангеловски.

Врз основа на претходен договор помеѓу организаторите на криминалната група, мигрантите на територијата на Република Северна Македонија биле пренесувани од територијата на Р.Грција, преку илегални премини на т.н. „зелена граница" во околината на Гевгелија и Дојран, од каде потоа со помош на водичи т.н. „качаци", биле доведувани на претходно утврдени и договорени локации, по што членовите на организираната криминална група ги прифаќале и со возила ги превезувале до одредени локации во Кумановско-липковскиот регион. Организаторот на криминалната група од Кумановско-Липковскиот регион, го организирал нивното прифаќање и времено сместување во објекти на членови, криминални соработници и помагачи на криминалната група, а кога ќе се створеле услови, мигрантите биле прокриумчарени преку границата со Србија, а оттаму кон државите од Европската унија. Цената на транспорт по лице изнесува од 500 до 700 евра.

ОСОСК до ОЈО за ГОКК, поднесе кривична пријава против 12 лица и тоа против М.С. (49) од Богданци, неговиот син С. С. (23) од Богданци, А.А. (42) од Скопје и А.М. (47) од с.Лојане општина Липково, за сторени кривични дела: „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти" по член 418-в став 1 и „Криумчарење на мигранти" по член 418-б став 3 вв став 2 и став 4 од КЗ, потоа Б.Ј. (22), М.М. (21) и Д.С. (29), тројцата од Богданци, за кривични дела „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти" по член 418-в став 2 и „Криумчарење на мигранти" по член 418-б став 3 вв став 2 и став 4, потоа Т.К.Ц. (53) од Штип, за „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти" по член 418-в став 2 и „Криумчарење на мигранти" по член 418-б став 2, Ј.К. (23) од Богданци и Т.М. (36) од Валандово, за „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти" по член 418-в став 2 и „Криумчарење на мигранти" по член 418-б вв „помагање" по чл.24, Д.Љ. (39) од Скопје, за „Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти" по член 418-в став 2 и „Криумчарење на мигранти" по член 418-б став 3 вв став 2 и став 4 и Ф.А. (26) од Скопје за „Организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе, трговија со дете и криумчарење на мигранти" предвидено и казниво по член 418-в став 2 вв ст.2 и „Криумчарење на мигранти" по член 418-б став 3 и од КЗ.

Од МВР соопштуваат дека и во наредниот период продолжуваат со интензивни мерки и активности со цел сузбивање на криумчарењето на мигранти, како и на сите други видови криминал.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе