Време

Претпладне сончево, попладне врнежи од дожд

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи особено на северот и истокот. УВ индексот ќе биде 8.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 32 Целзиусови степени, Маврово 24, Охрид и Крива Паланка 27, Битола 28, Берово 26, Кавадарци 33, Дојран 32.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе се движат од 24 до 34 степени.

 

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе