Време

Претпладне сончево, попладне ветровито, од утре дожд

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево и многу топло. Од пладне на север и запад малку ќе се зголеми облачноста и во северните делови ќе започне да дува засилен северен ветер (повремено над 70 км/час). Засилениот ветер попладне ќе се прошири вдолж Повардарието. Поради високите температури на југоистокот сѐ уште ќе биде активно жолтото ниво за опасност од високи температури.

Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 27 до 35 Целзиусови степени.

Во Скопје, претпладне сончево и топло, а од пладне ќе почне да дува повремено засилен северен ветер и малку ќе се зголеми облачноста. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 29 Целзиусови степени. Во Маврово 22, Охрид 27, Битола 31, Кавадарци 33, Крива Паланка 27, Берово 28, Дојран 35 степени.

Утре ќе настапи значителна промена на временската состојба. Ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, претежно во западните делови, а ветерот повремено ќе засилува. Дневната температура ќе опадне за околу осум степени.

Во петок повторно ќе дува засилен северен ветер, а потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со ниски утрински и дневни температури.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе