Во Скопје сончево, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта ќе има врнежу од снег. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Под влијание на влажен и студен бран, врнежите од снег ќе продолжат и утре, кога ќе се прошират и во останатите делови. Пообилни врнежи ќе има во западните подрачја и насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми. Помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови, освен во долниот тек на Повардарието.Заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува засилен северен ветер, Потоа во следните денови ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со повремен локален снег. Дневните температури на повеќе места ќе бидат под нулата.