Време

Претпладне сончево, попладне облачноста ќе се зголеми, утре снег

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност. Кон крајот на денот во западните делови облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта во западните и северните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната од 4 до 10 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево, попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта ќе има врнежу од снег. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Под влијание на влажен и студен бран, врнежите од снег ќе продолжат и утре, кога ќе се прошират и во останатите делови. Пообилни врнежи ќе има во западните подрачја и насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми. Помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови, освен во долниот тек на Повардарието.Заради ниските температури, ќе има појава на голомразица. Ќе дува засилен северен ветер, Потоа во следните денови ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со повремен локален снег. Дневните температури на повеќе места ќе бидат под нулата.

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе