Време

Претпладне сончево, попладне нестабилно со врнежи од дожд

Времето претпладне ќе биде адне сончево со умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а во источните делови засилен ветер од југоисточен правец.

Попладне и во вечерните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер и град.

Дневните температури ќе се движат од 21 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност, попладне со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и температура од 26 степени.

Утре и во вторник во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а стабилно ќе биде во среда.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе