Време

Претпладне сончево, попладне нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска во Македонија во претпладневните часови ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе се движи од  23 до 33 Целзиусови степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе достигне до 32 степена. Маврово 23, Охрид 25, Битола 28, Крива Паланка 27, Берово 26, Кавадарци 33, Дојран 34.

Во наредните денови во претпладневните часови времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално со поинтензивни процеси, особено во сабота. Температурите ќе бидат во пораст, а особено топло се очекува во почетокот на наредната седмица кога на места температурите ќе надминуваат 35 степени.


Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе

Енергетската сиромаштија е значително поприсутна во централна, источна и југоисточна Европа, покажува последното истражување.

повеќе