Време

Претпладне сончево, попладне нестабилно, од утре врнежи и грмежи

Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе се движи од 16 до 29 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи и дневна температура до 26 степени. Во Маврово дневната температура ќе достигне до 16 степени, Охрид 22, Битола 24, Кавадарци 27, Крива Паланка 21, Берово 22, Дојран 29 степени.

Во следните денови продолжува периодот на променливо и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи.

Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд проследени со грмежи, локално во форма на невреме со пообилни врнежи, засилен ветер и појава на град. Дневните температури ќе бидат во Скопје 23, Маврово 24, Охрид 19, Битола 21, Кавадарци 24, Крива Паланка 21, Берово 19, Дојран 26 степени.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе