Време

Претпладне сончево, попладне нестабилно, од утре сончево и стабилно

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец.

Дневната температура ќе се движи од 23 до 34 Целзиусови степени.

Во Скопје слично време, претпладне сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Дневната температура ќе се искачи до 32 степени. Во Маврово 23, Охрид и Битола 29, Берово и Крива Паланка 27, Кавадарци 32, Дојран 34.

Следува период на стабилно и сончево време, во петок и за време на викендот со умерен до засилен северен ветер.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе