Време

Претпладне сончево, попладне нестабилно

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град. 

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 37-от Целзиусов степен, Маврово 29, Охрид 33, Битола 35, Крива Паланка и Берово 33, Кавадарци 38, Дојран 39.

Утре од пладне и попладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град. Дневните температури ќе се движат од 24 до 36 степени.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе