Време

Претпладне сончево, попладне нестабилно

Денеска времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб западен, а во источните делови умерен северозападен ветер. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 23 Целзиусови степени, Маврово 14, Охрид 18, Битола 21, Кавадарци 25, Крива Паланка и Берово 19, Дојран 26 степени.

И утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен западен ветер. Во Скопје дневната температура ќе достигне до 25 степени, Маврово 16, Охрид 21, Битола 23, Крива Паланка 22, Берово 20, Кавдарци 26, Дојран 28.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе