Време

Претпладне сончево, попладне можен краткотраен пороен дожд и грмежи

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен, а во западните делови засилен ветер од западен правец. Попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 Целзиусови степени. 

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 29 степени.

Од утре времето ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието. 

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе