Време

Претпладне сончево, попладне краткотраен пороен дожд

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени, а максималната од 26 до 36 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 18 степени, а максималната ќе достигне до 33 степени. Маврово 26, Охрид и Крива Паланка 28, Битола 31, Кавадарци 34, Берово 27, Дојран 36.

И утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. 

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе