Време

Претпладне сончево, попладне дожд, грмежи и засилен ветер

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне променливо облачно и нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 23 до 36 Целзиусови степени.

Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 32 степена. Маврово 23, Охрид и Крива Паланка 29, Битола 31, Берово 28, Кавадаарци 34, Дојран 36.

До средината на наредната седмица нашето подрачје ќе биде под влијание на нестабилна воздушна маса која ќе услови честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе