Време

Претпладне сончево, попладне дожд

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и ќе има локални умерени до повремено поројни врнежи од дожд и особено вдолж Повардарието појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер. Утринската температура ќе се движи од 0 до 6, а максималната од 11 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за појава на краткотраен умерен до пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен западен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 4, а дневната ќе достигне 20 степени.

За време на викендот ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни, локално над 20 литри на метар квадратен, проследени со појава на грмежи во сабота и засилен ветер. Во недела ќе преовладува облачно време проследено со умерен до силен северен ветер, над 60 километри на час, а поради продор на постудена воздушна маса, на планините и на некои повисоки места претежно во северните делови врнежите ќе бидат од снег. Дневните температури особено во северните делови позначително ќе опаднат. 

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе