Време

Претпладне сончево и топло, приквечер дожд и снег на планините

Во текот на денот времето ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност и со умерен до засилен југозападен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни во западните делови. Поради продор на студена воздушна маса во текот на ноќта врнежите ќе преминат во снег и на некои пониски места. Снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а поради засилениот ветер ќе има услови за појава на снежни наноси.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 11 Целзиусови степени, Маврово 5, Охрид 10, Битола и Кавадарци 12, Крива Паланка 11, Берово 9, Дојран 10.

Утре времето ќе биде претежно облачно и студено со локални врнежи кои ќе преминат во снег и на некои пониски места. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 0 во 9 степени.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе