Време

Претпладне сончево и топло, попладне зголемена облачност и северен ветер

Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Претпладне времето во Македонија ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 4, а максималната ќе достигне од 15 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје, претпладне сончево со услови за слаба утринска магла, а попладне сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб, а попладне и во вечерните часови умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 20 степени. Маврово 16, Охрид 17, Битола 19, Крива Паланка 15, Берово 17, Кавадарци 22, Дојран 23.

Утре и в понеделник ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец кој ќе предизвика позначителен пад на температурите, така што дневните ќе опаднат за 7-10 степени во однос на утрешната, а утринските од почетокот на следната седмица на повеќе места ќе се спуштат под нулата.

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе