Време

Претпладне сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето во Maкедонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и кон крајот на денот ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (на места над 90км/ч.) и услови за појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната од 30 до 37 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде 20, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Во наредните денови, под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до вторник ќе се задржи променливо облачно, наместа со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање. 

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе