Време

Претпладне сончево и топло, попладне нестабилно

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од Скопската Котлина ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 33 степени.

За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност и услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер во попладневните часови. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, а локално со поинтензивни процеси во форма на невреме. 

 

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе