Во Скопје максималната дневна температура ќе биде 36 Целзиусови степени, Маврово 28, Охрид 31, Битола 34, Крива Паланка 32, Берово 31, Кавадарци 37, Дојран 38.
Утре времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на краткотрајно невреме. Максималните дневни температури ќе се движат од 28 до 38 степени.