Време

Претпладне сончево и топло, попладне дожд и грмежи

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде сончево и доста топло со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец, а попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево и топло претпладне, а од пладневните часови во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе достигне до 31 степен.

Во следните денови ќе се задржи топло време со максимални температури малку над просекот за овој период од годината, но во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, понекаде и во форма на невреме, како и со услови за појава на град. 

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе