Време

Претпладне сончево и топло, попладне дожд грмежи и ветер

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево и топло со мала облачност. Попладне, претежно на истокот и североистокот од земјава ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15, а максималната од 25 до 33 Целзиусови степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во Скопската котлина ќе има услови за локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе биде околу 14, а максималната ќе достигне 30 степени.

Од утре следува период на променливо облачно време, околу пладне и попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Ковидот нема да нѐ победи. Да зборуваме за раст и развој, за подобар и забрзан раст, за паметен и зелен развој.

повеќе

Размислуваме како можеме да ја заштедиме и заштитиме водата, но само додека немаме вода!

повеќе

Во последните 30 години сите политички партии, независно од тоа колку демократски се претставуваат во своите програми, на државата гледаат како на инструмент, што е пак првиот сигнал, чекор кон авторитарност.

повеќе