Време

Претпладне сонце, попладне локален пороен дожд и грмежи

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Кон крајот на денот и во текот на ноќта на места врнежите ќе бидат пообилни (во источните делови над 20л/м2) проследени со грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Утринската температура, според УХМР, ќе се движи од 9 до 17, а дневната од 24 до 31 степен. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, претпладне сончево со умерена облачност, попладне и во текот на ноќта променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе достогне до 14, а дневната до 29 степени.

В недела ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд и грмежи, особено претпладне. Потоа и во следните денови времето ќе биде променливо и посвежо со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат проследени со грмежи.

 

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе