Време

Претпладне облачно, попладне врнежи од дожд и снег

Денеска претпладне времето ќе биде претежно облачно. Од пладневните часови почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд, кои во вечерните часови и во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Врнежите пообилни ќе бидат во западните делови, локално се очекува да наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 8 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје, претпладне облачно, попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд со умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад од снег, но со послаб интензитет. И во вторник ќе се задржи променливо облачно време со слаб локален дожд. Од среда ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе

Потребно е да се провери дали имало наредба за следење врз Камчев.

повеќе