Време

Претпладне облачно, попладне врнежи и грмежи

Денеска претпладне времето ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи на повеќе места. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (понекаде и над 10 л за 3 часа), со засилен ветер и со појава на град.

 

Дневните температури ќе се движат од 25 до 33 Целзиусови степени - Скопке 31, Маврово 25, Охрид и Крива Паланка 29, Битола 31, Берово 27, Кавадарци 32, Дојран 33.

Утре времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град. Дневните температури ќе се движат од 24 до 33 степени.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе