Време

Претпладне облачно, попладне поројни врнежи од дожд

Претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а преку денот со засилен јужен ветер. Во попладневните часови облачноста ќе се зголеми и од запад ќе започнат врнежи од дожд кои на места ќе бидат и поројни.

Преку ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни во западните и северните делови каде на повисоките места ќе преминуваат во снег. Ветерот ќе го промени правецот во северен.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне 13 Целзиусови степени, Маврово 7, Охрод и Крива Паланка 12, Битола и Кавадарци 14, Берово 11, Дојран 16 степени.

Утре времето ќе биде постудено, променливо облачно со повремен локален снег. Ќе дува засилен северен ветер. Дневните температури ќе бидат во Скопје 4, Маврово -1, Крива Паланка 2, Охрид 4, Прилеп 3, Кавадатци 6, Берово 1, Дојран 9 степени.

Би било добро роднините да не бидат жртви и да има повеќе повици кон роднините – функционери.

повеќе

Oд човекот кој успеа со сосема нова партија да го наруши целовековниот монопол на ПАСОК и Неа демократиа на грчката политичката сцена, може да се очекува буквално сѐ.

повеќе

Останува да видиме дали овој состав на Судот, кој дефинитивно е кадровски и професионално најслаб во досегашната наша државно-правна историја по осамостојувањето, ќе смогне сили за конечно да го пресече Гордиевиот јазол околу вака шверцуваната двојазичност.

повеќе