Време

Претежно сончево со повремен дожд

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, а вдолж Повардарието претпладне засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе биде од 7 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината во раните утрински часови ќе има слаби врнежи од дожд, а потоа облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Под влијание на нов влажен бран, утре попладне и во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи од дожд, а само на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, каде локално се очекува да наврнат над 20 литри на метар квадратен. Променливо облачно со локални врнежи од дожд ќе се задржи до вторник, а од среда се очекува стабилизирање на времето со пораст на дневните температури. 

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе