Сотојба со водите во земјава

Преспанското Езеро и натаму со загрижувачки водостој

Нивото на Преспанското Езеро е за 1,52 метра пониско од просечниот водостој, иако за 14 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум. Водостојот на Охридското Езеро е под просекот за овој период од годината, а само Дојранското Езеро има задоволителен водостој. Oд реките само Пчиња има водостој повисок од просечниот.

За еден сантиметар е зголемен водостојот на Охридското Езеро во споредба со вчера со што нивото сега е за 22 сантиметра пониско од повеќегодишниот просек за април.

Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на другите две природни езера во земјава се исти како вчера, но нивото на Преспанското Езеро е за 1,52 метра пониско од просечното иако за 14 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум, додека водостојот на Дојранското Езеро е за 2,83 метри повисок од просекот за овој период од годината.

Пониски од просечните се и водостоите на речиси сите реки во земјава и се во рамките на вчерашниот ден со благи поместувања нагоре или надоле. Единствено натпросечно е нивото на реките Пчиња на мерното место кај Катлановска Бања и Струмица кај Сушево

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе