Избегната трагедија

Пресечени цевки за кислород во болницата во Тетово, камерите не работеле

Утрово нешто по 3 часот пресечени се цевките за довод на кислород што воделе до Ургентниот центар во Клиничката болница во Тетово. Настанот за МКД.мк го потврдуваат од СВР Тетово, од каде што велат дека по сторителот или сторителите се трага. За среќа, одделението до кое овие цевки требало да вршат транспорт на кислород било празно. Избегната е трагедија и цевката за централниот одвод на кислород која води во ковид-одделението во кое има 120 пациенти оној/оние што го сториле овој инцидент, не ја оштетиле. Таа се наоѓа веднаш до цевководот за кислород, кој бил оштетен. Како што дознаваме од наши извори, безбедносните камери на болницата не работеле кога се случил инцидентот. 

Дали биле во функција пред и по инцидентот, ќе треба да одговорат одговорните на болницата која е витален објект во период на ковид-пандемијата, како и истрагата. 

Д-р Гзим Нуредини, координатор во ковид-центарот на тетовската клиничка болница во изјава за медумите вели дека лекарите биле во паника и исплашени, но среќа во несреќа е што не била оштетена цевката за централниот одвод на кислород која води во ковид-одделението во кое има 120 пациенти.

„Доколку беше прекината главната цевка која е многу блиску, тогаш ќе требаше за неколку минути да извршиме транспорт на пациентите во Скопје или на други клиники, или во мал број таму каде што имаме легла со кислород, ќе беше голема катастрофа ако се оштетела главната цевка", изјави за медиумите д-р Нуредини.

Цевките за довод на кислород се поставени на висина од околу три метри. Едната цевка била пресечена, а другата извиткана. Тоа се помошни цевки и се со помал пресек за разлика од главната доводна цевка за кислород која е од поголем промер.

Утрово, оштетените цевки се заменети со нови и системот за довод повторно е ставен во функција.

„Изутринава во 7 часот и 20 минути, во СВР Тетово пријавено е дека ноќеска во кругот на тетовската Клиничка болница со употреба на физичка сила биле оштетени две бакарни цевки со различна големина, односно капацитет. Едната цевка за компримиран воздух била скината, а втората за азотен оксидол била свиткана. Двете цевки ги снабдувале операционите сали во новиот објект, кои сè уште не биле во функција. Набрзо по пријавата, екипа на Секторот за внатрешни работи Тетово, во координација со Јавен обвинител, извршила комплетен увид. Оштетувања се фотодокументирани и крим-технички обработени. Се расчистува и документира случајот", ни изјави портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Истрагата допрва ќе треба да утврди кој се причините за овој инцидент кој што ако продолжил и кон главната цевка ќе предизвикал трагедија, односно во опасност ќе биле животите на 120 пациенти заразени со ковид-19 за кои лекарите неуморно и постојано водат битка за нивниот живот. 

Ќе се утврдува и дали местото било обезбедувано. 

К.Д. 

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе