Премиерот се потсети на студенските денови, ручаше со студентите во „Гоце Делчев“

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ги посети студентите во студентскиот дом „Гоце Делчев". Тој при посетата ручаше заедно со нив.

Ковачевски објави видео на Фејсбук со кое порача дека студентите се иднината на државата и нема да бидат оставени сами.

„Студентите се наши деца и тие имаат право на глас. Студентите се иднината на оваа држава.Тие секогаш ќе имаат право да го искажат своето мислење, да бидат дел од процесот и да учествуваат во носењето на одлуките кои ги засегаат нив. Ние сме тука да ги слушнеме нивните ставови, да разговараме со нив и да носиме заеднички политики за подобрување на нивниот стандард. “, пишува во објавата.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе