„Прекрасно е кога сите браќа живеат заедно“, Стефан и Порфириј ќе одржат литургија за помирување во Св.Сава

На својот официјален сајт Српската православна црква (СПЦ) најави дека в четврток на 19 мај во Соборниот храм Св.Сава во Белград, патријархот на СПЦ г.г. Порфириј и архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе служат архиерејска литургија за воспоставување на „литургиско и канонско општење на двете сестрински цркви", јави дописникот на МИА од Белград.

На сајтот на СПЦ, под цитатот од Псалм 133 –„Како е убаво и прекрасно кога сите браќа живеат заедно", се соопштува оваа информација.

„Со благодарност кон Господа и со радост ја известуваме сета полнота на Светата црква дека неговата светост српскиот патријарх г. Порфириј и неговото Бблаженство срхиепископот охридски и македонски г. Стефан, заедно со сослужување на сите архиереи на СПЦ и на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, во четврток, на 19 мај, ќе служат света архиерејска литургија во соборниот храм Свети Сава во Белград, со која ќе се воспостави литургиска и канонско општење на двете сестрински цркви, во рамки на одлуката на Светиот архиерејски синод на Српската православна црква,“ пишува на интернет страницата на СПЦ. 

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе