Прекини го кругот - омразата не е мој стил

Кампања против сите форми на омраза и насилство на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт.

Почна кампањата „Прекини го кругот – омразата не е мој стил“ во организација и реализација на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Агенцијата за млади и спорт.

Кампањата има за цел подигнување на свеста помеѓу младите за штетните ефекти на нетолеранцијата и омразата  во нашето општество кои најчесто произлегуваат од широко распространети стереотипи и предрасуди. Во обид да се разоткријат и променат негативните наративи поврзани со сите форми на нетрпеливост, кампањата е исто така наменета позитивно да влијае на социјалниот дискурс, не само помеѓу младите, туку и во општеството како целина.

На настанот се обрати амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Наумче Мојсовски, директор на Агенцијата за млади и спорт, и Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка од Владата на Македонија. Почетокот на кампањата го означи и премиерното прикажување на првото видео кое покажува дека конфликтот меѓу младите може да биде разрешен со почит и толеранција, без оглед на нивниот пол, нивната етничка припадност, или верско уверување.

Кампањата превидува серија промотивни активности кои ќе се одвиваат преку официјалните профили на кампањата на Фејсбук, Твитер, и Инстаграм поддржани од познати личности кои се приклучија на кампањата и во нивен стил дадоа поддршка за позитивните вредности кои таа има за цел да ги промовира. 

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе