Предвидени 28,4 милиони евра за заеднички проекти меѓу Македонија и Бугарија

Откако Владата на Бугарија на 3 февруари одлучи да го зголеми учеството на средствата од Европскиот фонд за регионален развој за 46 проценти, во рамките на програмата за прекугранична соработка меѓу двете земји, во споредба со тековниот програмски период од 2014 до 2020 година, се предвидува  да бидат инвестирани над 28,4 милиони евра во заеднички проекти меѓу Бугарија и Македонија во програмскиот период од 2021 до 2027 година. Во моментов се чека одобрување од Европската комисија за реализација на проектот,  јави дописникот на МИА од Софија.

„Со оваа одлука, бугарската Влада го потврди високиот потенцијал и додадената вредност на заедничката програма за прекугранична соработка и заедничките проекти за подобрување на животот и економската состојба во регионот“, изјави Деница Николова, заменик-министер за локална самоуправа на Бугарија и ко-претседавач на онлајн состанокот за заедничката работна група, за подготовка на Програмата за прекугранична соработка INTERREG-IPA меѓу Бугарија и  Македонија во период од 2021-2027 година.

На состанокот учествуваше и Зоран Димитровски, заменик-министер за локална самоуоправа на  Македонија.

Работната група одобри ажурирана стратешка рамка за идната програма, што ќе овозможи развој на нацрт програмски документ и почеток на преговори со Европската комисија.

Исто така, на состанокот беше констатирано дека има три главни приоритети што ќе бидат поддржани во рамките на заедничката програма. Меѓу нив е и реализацијата на стратешкиот проект за изградба на граничен пункт „Клепало" помеѓу Струмица и Берово. Еден од приоритетите е и спроведување на интегрираниот територијален пристап во рамките на Целта на кохезивната политика 5 „Европа поблиска до граѓаните", што има за цел директно да ги поврзе локалните потреби со стратешките насоки за развој и да им овозможи на локалните заинтересирани страни да им дадат приоритет на инвестициите за подобрување на благосостојбата на регионот.

Предвидена е и поддршка на малите и средни бизниси во пограничниот регион преку насочена поддршка со поедноставени инструменти за финансирање за модернизирање и проширување на производството.

Програмата исто така ќе финансира проекти според европскиот приоритет „Зелена Европа", насочени кон градење на зелена инфраструктура за намалување на штетните емисии и загадувањето на животната средина.

Николова посочи дека е забележан и напредок во тековната програма.

„Имаме една од најдобрите програми во ЕУ и бројките зборуваат сами за себе", рече Николова. Досега се потпишани 77 договори со вкупна вредност поголема од 19,4 милиони евра, што претставува скоро 100 отсто од буџетот на програмата. Повеќе од 12,5 милиони евра се веќе исплатени на корисниците од двете страни на границата, што е скоро 65 проценти од нејзините вкупни ресурси“, додаде таа.

Николова истакна дека и покрај ковид-кризата, не се соочиле со одложување на плаќањето на учесниците во проектот, со што програмата се покажа како сигурен и предвидлив партнер во тешки периоди на криза.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе