Угостителите најавуваат протести, надлежните велат здравјето е најважно

Предлог-протокол за ресторани: Свадба без оро само со танц на младоженците

Вработените во музичкиот сектор и сопствениците на рестораните во кои до пред една година пред појавата на ковид-19 се правеа големи свадби, на некои места дури и со по 600 гости, се чини дека се најпогодени од пандемијата. Тие неколку пати протестираа со барање до Владата да биде изготвен посебен протокол според кои ќе може да се прават свадби, но со ограничен број на гости и под посебни услови. Сега за сега, рестораните кои беа наменети за големи свадби, се по под клуч. 

Според новиот протокол кој го предлагаат претставниците на ресторани се бара на свадба да не се игра оро, а танц на почетокот на прославата да имаат само младоженците. Нема да има жива музика, а гостите ќе бидат во ограничен број.

Задолжително ќе треба да има средства за дезинфекција на сите маси, персоналот ќе мора да носи маска, а работното време да биде до 21 часот.

Претставниците на рестораните се децидни и велат дека доколку надлежните ги одбијат овие барања протестите ќе продолжат од наредната недела.

За вицепремиерот Фатмир Битиќи и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски нема отстапки и тие сметаат дека здравјето е најважно. 

„Владата, во услови на пандемија, се обидува да им помогне на сите погодени граѓани и компании, а детектирано е дека угостителството и туризмот се најпогодените и затоа, во сите пет сета се креирани мерки со кои токму овие гранки се најмногу поддржани. Со петтиот пакет мерки, компаниите од овој сектор може да искористат финансиска помош за исплата на плати, бескаматен кредит со грант компонента до 50 отсто, а со законот за државна гаранција кој е во собраниска процедура, значително би се помогнало за одржување на ликвидноста на компаниите", изјавил Битиќи на средбата пред два дена во Владата.

Според директорот на Испекторатот, Пауновски, здравјето на граѓаните е најважно, а протоколите предложени од Комисијата за заразни болести и усвоени од Владата, се токму во насока на заштита на јавното здравје.

Пауновски исто така гарантирал дека нема никаква селективност во постапување на инспекторите, ниту интенција при спроведувањето санкции, за што посочил дека во периодот од речиси една година, од почетокот на пандемијата, за непочитување на протоколите се санкционирани 471 правно лице.

За предлог-протоколот работа на рестораните за свадби и ноќните клубови одлука носи Комисијата за заразни болести. 

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе