Пожарот во пехчевско се прошири кон патот Делчево - Пехчево, сообраќајот е во прекин

Во пехчевско пожарот се проширил кон патот Делчево - Пехчево и зафати дел од блиската шума во атарот на селото Црник, а поради новонастанатата ситуација повторно е во прекин сообраќајот во правец од Делчево кон Пехчево.

Според информациите од полицијата во Делчево, забраната за движење важи од 11 часот, а на повеќе локации имаме полициски екипи кои го упатуваат населението кон алтернативниот патен правец преку селото Бигла.

Во меѓувреме на терен пристигнаа и противпожарните возила од Словенија кои веднаш се вклучени во гаснењето на пожарот кај селата Робово и Умлена каде хеликоптерите се повлекоа за да наполнат гориво, а гаснењето продолжува теренски.

Во атарот на овие две села ситуацијата е стабилна, но пожарот сѐ уште е активен и продолжува неговото гаснење.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе