Пожарот во Кочанско се доближува до складот на Макпетрол

Кај месноста Сламарник, во близина на селото Бели, Кочанско, пожарот е сѐ поблиску до индустриската зона и складиштето на Макпетрол.

Пожарот во неколку наврати бил изгаснуван, ама силниот ветер веднаш повторно го разгорувал и во моментов е надвор од контрола и претставува сериозна закана за складот на Макпетрол, соопшти ЦУК.

Пожарот се шири кон Драчевик и Белско Маало и е блиску до куќите. Пожарникари од Виница и Кочани се на терен.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе