Пожарот во беровско го гасне полициски хеликоптер, ќе се приклучи и ер-трактор

Пожарот во беровскиот крај од утринава интензивно го гасне еден полициски хеликоптер, кој почна со исфрлање вода од воздух во 5 часот, вели директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов.

Ер-тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување ќе пристигне околу 10 часот. Во моментов на терен се и десет пожарникари на ТППЕ Берово и 30 припадници на Национални шуми од подружницата на Берово“, изјавил Ангелов за МИА.

Тој исто така информира дека пристигнуваат и пожарникарски екипи од Виница, Радовиш, Кочани, Струмица и Тетово.

 

Командирот на ТППЕ-Берово, Сашко Руменковски претходно информираше дека со помош на хеликоптерот спречено е ширење на огнот кон боровата шума и е направен обрач околу огнот. Првично беа зафатени околу 50 хектари високостеблеста шума, во непристапен планински предел.

Надлежните велат дека има индиции и овој пожар да е подметнат.

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе