Кај Гостивар

Пожарот на депонијата Русино е изгаснат, ама има опасност од повторно палење

Состојбата по избувнувањето на пожар на регионалната депонија Русино, близу Гостивар од утрово е стабилна. Огнот е изгаснат, но непријатна миризба сé уште се чувствува на повеќе места низ градот, велат од локалната власт.

Пожарот на депонијата се појави во саботата наутро и предизвика реакции на граѓаните кои се жалеа на чадот и лошата миризба и стравуваа од еколошка катастрофа. Речиси 24 часа по реакциите на надлежните служби, огнот беше локализиран и ставен под контрола, но заради временските услови постои ризик од повоторно палење на отпадот, јавува МИА.

За справување со пожарот Дирекцијата за заштита и спасување ангажирала градежни машини како поддршка на ТППЕ Гостивар и Комуналното претпријатие на Гостивар. Екипа од подрачното одделение на ДСЗ Дирекцијата за заштита и спасување кои се вклучија во справувањето со огнената стихија и денес се на самото место и следат состојбата. Гостиварските еколози, пожарот го оценија огромна еколошка катастрофа по животната средина и здравјето на луѓето.

Од здружението „Гв Еко“, пак, обвинија дека односот на одговорните е неприфатлив, бидејќи никој не излегол со официјален став и препораки да им каже на граќаните што да правати како да се заштитат од штетните гасови на кои биле изложени. Истовремено бараат конечно да се уреди оваа депонија и да се спречи загадувањето на околината. Причините за појавата на пожар на регионалната депонија Русино не се познати, но се претпоставува дека дошло до самозапалување предизвикано од топлото време. Брзата реакција на пожарникарите во саботата наутро беше попречена заради изведувањето на градежни работи и реконструкција на патот што води до депонијата.

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе