Пожарот кај Велес сè уште активен

Пожарот покрај пругата Скопје-Велес, кај село Сл'п, кој започна вчера во 13 часот и интаму е активен, информира Центарот за управување со кризи, додавајќи дека огнот зафаќа површина од околу 200 хектати и дека горат нискостеблеста шума, трња и габер.

Моментално на терен се екипа од Шумското стопансрво „Бабуна" со 10 вработени и шест пожарникари од велешката противпожарна единица со две возила.

Како што соопштуваат од ЦУК, не постои можност за проширување на пожарот кон село Карабуњиште и село Сл'п.

„Пожарот во 13 часот во горниот фронт е ставен под контрола, додека во долниот дел околу железничката станица, заради временските услови, односно појава на ветер, истиот повторно е активен и е во непристапен терен“, велат од таму.

Од страна на „Македонски железници" се доставени околу 200 литри вода, а воедно активиран е и противпожарниот воз.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе