Пожари низ цела Македонија (ФОТО)

Денеска до пладне, Ситуациониот центар при Центарот за управување со кризи, според известувањата од дежурните регионални центри за управување со кризи, известува за неколку активни пожари во државата и можни жаришта.

Фото: социјални мрежи

РЦУК – Струмица, известува дека шумскиот пожар кај м.в. „Погана“, Општина Валандово, сѐ уште е активен, но е „пресечен“ од силите за гаснење и не се шири. Нема активно горење, само на неколку места има догорување. Целосно е обезбедена линијата со луѓе. Во гаснењето на пожарот учествуваат ТППЕ Валандово со 5 пожарникари и 2 пп возила, 20 лица од Ш.С. Саланџак Валандово и екипа на ДЗС Валандово.

РЦУК – Куманово, известува дека пожарот којшто е во просторот на тромеѓето помеѓу селата Степанце, Жегљане и Малотино сѐ е уште активен. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, сува трева, црн бор, и багрем на поголема површина. Во гаснењето на пожарот интервенираат 9 пожарникари со 2 ПП возила од ТППЕ Старо Нагоричане, 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Куманово, 2 лица од ШС Куманово, 3 лица од месното население. Од утрово во гаснењето на пожарот е вклучен и хеликоптер на АРМ.

Во моментот, кон средината на денот, на теренот има ветер со променлив правец, бидејќи дел од пожарот се простира на непристапен терен и има многу суви гранки, гаснењето на пожарот е отежнато. Со расположливите средства и луѓе, кои се на терен, се прават максимални напори пожарот да се обиколи и да се стави под контрола за да не дојде до негово проширување.

РЦУК – Охрид, известува дека пожарот што вчера попладне избувна над селото Делогожда, Општина Струга не е целосно локализиран затоа што е на непристапен терен и во најголем дел гори сува трева. Екипи од ТППЕ-Струга утрово излегоа на терен и утврдиле дека сѐ уште има малку чад. Тие денес ќе патролираат на терен за да не дојде до негово проширување.

РЦУК – Битола, ја пренесува информацијата од ТППЕ Битола во која се наведува дека во 09:30 часот е започнат нов пожар на сува трева на рид над млинот во с. Лознани, Општина Могила. Пожарот се проширува во правец на атари на селата Ивањевци и Новоселани. Во гаснењето на пожарот интервенираат 5 пожарникари со 2 ПП возила. За настанатата состојба известени се ЕЛС Могила, ДЗС Битола, ШС Кајмакчалан Битола и СВР Битола.

РЦУК – Штип, известува дека од 10:15 часот, ТППЕ Пробиштип се наоѓа на терен кај с. Лезово, месност Воденица, и единицата има интервенција на веќе евидентиран пожар на сува трева и нискостеблеста вегетација. Инаку, пожарот се повторува во неколку наврати.

Пожарот во Кочанско стигна до куќите во градот.

Пожар во Долно Лисиче денеска за неполн час го пеплоса расадникот, гореше депонија, се прошири и кон црквата Света Троица, до паркот, а и кон куќите.

Легенда под Главна слика

Фото: социјални мрежи

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе