Пожар во стан во Тетово, повредени дванаесет лица

Денеска во 11.15 часот избувна пожар во станбена зграда на улицата „Димо Гавровски-Кара“ во Тетово. Според СВР Тетово, во пожарот се повредил сопственикот на станот, 24 годишниот А.С, и други 11 лица.

„Во пожарот, А.С.(24) кој сам живеел во станот задобил изгореници, додека 11 други лица од зградата почувствувале проблеми од чадот и сите се пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош. Во тек е увид што го води јавен обвинител, а во кој учествува и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово“ велат од СВР Тетово.

Според информациите причината за пожарот е експолозија на плинска боца.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе