Пожар во Катланово, гори нискостеблеста шума, огнот се приближува до бензинската на ОКТА

Во Катланово, над бензинската пумпа на автопатот Велес – Скопје избувна пожар. Во моментов гори нискостеблеста шума, а стихијата се шири кон повисокиот дел со борови дрвја. На терен се седум противпожарни возила. 

Засега гори нискостеблеста шума, но пожарот се шири кон викендиците и кон бензинската пумпа на ОКТА. 

Како што изјави за МИА командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, седум противпожарни возила се на терен.

„Засега гори нискостеблеста шума, но пожарот се шири кон боровите. Веднаш интервениравме, најпрво со две екипи, а потоа, откако беше побарано засилување, испративме уште пет. Засега не можеме точно да кажеме од што избувнал пожарот, само се обидуваме да го изгансеме или локализираме, рече Симоновски.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе