Екипите се на терен

Пожар на Галичица, постои опасност да се прошири и во заштитената зона

Пожарот кој беше активен на албанска територија на планината Галичица со помош на ветрот е веќе преминат на македонска територија кај граничен Камен Ф9. Екипи на Националниот парк „Галичица" и граничната полиција во моментов се на терен, затоа што постои опасност од проширување на пожарот и може да биде зафатена и заштитената зона од шума на Националниот парк „Галичица", информираат од Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информации од РЦУК Охрид.

„Во моментов гори сува трева, грмушки и ниска деградирана ретка шума и поради тоа што теренот е непристапен за гасење од земја со човечка сила ќе се следи состојбата во текот на денешниот ден од страна на екипи на Националниот парк „Галичица" и граничната полиција“, велат од ЦУК.

Оттаму информираат дека во текот на вчерашниот и денешниот ден низ земјава се појавени неколку мали пожари на сува трева и стрништа, како и диви депонии коишто беа за брзо време изгаснати од страна на надлежните институции.

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе