Пожар кај езеро Треска, пожарникарите пoпречувани да го гаснат

Пожар го зафати комплексот на езерото Треска, во скопската општина Сарај а пожарникарите биле спречени да влезат. Интервенирале на повик но кога пристигнале капијата била затворена, при што побарале полициска асистенција за да го скршат катанецот на капијата. 

„Во 17:15 е пријавен пожар на езеро Треска на површина од околу 3,000 квадрати зафатена од нискостеблеста шума и ѓубриште. 

Интервенирано е со 2 ПП возила и 5 пожарникари и пожарот е локализиран.

Но при нашата интервенција наидовме со проблем. Капијата на езерото беше заклучена и не можевме да влеземе да интервенираме, побаравме асистенција од полиција но на лице место дојде Директорот на самиот комплекс езеро Треска и ја отвори капијата.

Но беше загубено време за брза интервенција поради затворената капија повеќе од 20-30 минути, изјави командантот на противпожарната бригада - Скопје Владимир Симоновски.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе