Кампањата „Обединет Балкан за чист воздух“

Позагаден воздух, помалку деца во земјите од Западен Балкан

Европски фонд за Балканот бара итно решение за хроничниот проблем со загадувањето на воздухот што ги гуши земјите од Западен Балкан.

Кампањата ‘Обединет Балкан за чист воздух‘ ги повикува граѓаните на земјите од Западен Балкан да се приклучат на нашата борба и заедно да го подобриме квалитетот на воздухот, истовремено справувајќи се со неплодноста и подобрувајќи го здравјето на децата“, пишува во соопштението од Европскиот фонд за Балканот.

Исклучувањето на јагленот од производството на електрична енергија, според нив, е најбитната мерка за подобрување на квалитетот на воздухот.

„Замена на апаратите за греење и готвење во домаќинствата со еколошки почисти решенија, соларни панели на покривите на куќите и зградите и проекти насочени кон подобрување на енергетската ефикасност, исто така, може да имаат важна улога. Соодветните институции треба да развијат политики за промовирање на здрава бременост, со цел да ги едуцираат жените и мажите за опасностите од загадување за време на бременоста, и да ги опремат идните мајки за да се заштитат себе си и својот фетусот. Треба да се обезбеди високо ефикасно филтрирање на воздухот во јавните затворените простории и граѓаните треба да бидат навремено информирани за загадувањето на воздухот со цел да се избегнат активности на отворено за време на периоди со слаб квалитет на воздухот“, наведуваат во соопштението.

Една од мерките за ублажување на штетните ефекти на загадувањето на воздухот, како што посочуваат, е да се намали употребата на пластика за еднократна употреба, особено пакување што не се рециклира. Друга мерка е да се заменат синтетичките влакна со природни влакна. Преку ова, додаваат, се спречува емисија и голтање на микро и нанопластика.

„Капацитетите на дијагностичките центри мора да се подигнат и треба да се спроведат заеднички студии со користење на мониторинг и мерење на податоци за последиците од загадувањето на воздухот во форма на неплодност, предвремено породување, појава на болести и смрт кај новороденчиња во земјите од западен Балкан“, се вели во соопштението.

Аерозагадувањето, посочуваат, е меѓу главните причини за зголемена стапка на неплодност и стерилитет кај жени и мажи низ Западен Балкан. Особено страдаат жени кои живеат во тешко погодени области, бидејќи загадувањето може да доведе до помал број на здрави јајце клетки, а со тоа и до пад на плодноста.

„ПМ 2,5 честичките предизвикуваат пад на плодноста кај жените за два посто на 10 μg / m3 во воздухот. Овие нивоа во загадените градови низ Западен Балкан достигнуваат вредности над 50 µg / m3 (ПМ 2,5), што е двојно поголема од дозволената годишна вредност и може да ја намали плодноста дури и до 10 отсто кај жените. Дневните нивоа на ПМ 2,5 во одредени градови честопати надминуваат дури 200 µg / m3 што може да ја зголеми неплодноста кај жените за повеќе и од 10 отсто. Кај мажите, загадувањето на честичките достигнува до тестисите и предизвикува пониски нивоа на производство на сперма, помала подвижност на сперматозоидите и повеќе спонтани абортуси поради програмирана клеточна смрт“, информираат во соопштението.

Критики за тоа дека треба да се слушаат критики од членови, зошто е разрешен Стојко Пауновски, зошто Максим Димитриевски не е член на Централен одбор, беа искажани на последниот конгрес на СДСМ кој се одржа во неделата.

повеќе

Владите ширум светот имаат тенденција да ги следат своите национални интереси, наместо да следат глобално координиран пристап.

повеќе

СКСМ - комора на иднината, САП системите - иднина на македонскиот бизнис.

повеќе