Време

Повремени врнежи од дожд и снег

Денеска претпладне времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи кои и на некои пониски места ќе преминуваат во снег. Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Повремени слаби врнежи од снег се очекуваат и во делови од Скопската котлина.

Попладне врнежите ќе престануваат и ќе настапи постепено разведрување. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната 3 од 9 Целзиусови степени.

Во Скопје наутро променливо облачно со повремен дожд кој во повисоките делови од котлината ќе преминува во снег. Потоа облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Поради продор на студена воздушна маса во текот на ноќта и утре претпладне ќе дува засилен северен ветер, а врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од пониските места. Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Поради разведрувањето во среда и четврток утринските температури насекаде ќе бидат негативни.

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе