Според прогнозата, и во Скопје ќе има услови за повремен слаб дожд, со умерен, повремено засилен југоисточен ветер, кој на моменти ќе се засилува. Слично време се предвидува и долж Повардарието.
Температурите ќе се движат од 2 степени наутро во мавроскиот крај, 4 во пелагонискиот и беровскиот регион, 6 во скоспката котлина, до 8 степени во појужниот дел од повардарието и 9 степени на југоистокот од земјата.
Максималните температури ќе се движат од 5 до 12 степени, во скопскиот регион до 9 степени.
Слични „благи“ темпетарури за овој дел од годината се очекуваат и од понеделник до среда, со тоа што според прогнозата нема да има врнежи.