Повреденото мече од шумите во Тетово, а пренесено во Грција - угина

Мечето кое во 2015 година беше пронајдено во близина на Тетово, повредно на задните нозе и згрижено во соседна Грција, угина поради проблеми со бубрезите. Од грчката невладина организација за заштита на дивиот свет и животната средина „Арктурос“ велат дека „Ушко, борецот за живот, не живее повеќе“, јави дописничката на МИА од Атина.

„Со голема жал соопштуваме дека Ушко, борецот за живот кој успеа да стане првата мечка во светот што се движи со инвалидска количка, не живее повеќе. Ушко беше мечка пример за сите и симбол на волјата. Инвалидитетот на задните нозе не претставуваше пречка, ниту ја ограничи неговата желба за живот и игра“, пишуваат од „Арктурос“ кои го згрижија малото кафено мече пронајдено кај нас.

Тие велат дека Ушко бил пример за сите нив, бидејќи во краткиот животен век ги научил колку е важно „да се бориш и да не се откажуваш, дури и кога сѐ околу тебе изгледа тешко и невозможно“.

Откако беше пронајдено повредено малото кафено мече на околу тримесечна возраст, во јули 2015 на иницијатива и по барање на одговорните на Македонското еколошко друштво, Ушко беше префрлен во Грција, а грижата за него ја презеде „Арктурос“.

Првите испитувања, тогаш, беа направени на Ветеринарниот факултет на Универзитетот во Солун и му беше дијагностицирана скршеница на ‘рбетот. Повредата беше толку голема што не можеше да се направи интервенција ниту во Грција, ниту во странство, па така, единственото решение беше употреба на специјално направено помошно средство на две тркала во вид на инвалидска количка за Ушко да може да се движи, а со тоа стана и првата мечка во светот со инвалидска количка.

Добро е, во прво време, г. премиер, да го поттикнете Вашиот министер за култура да најде погодна форма да се преобјави книгата „По повод најновиот напад на нашиот јазик“ од Конески, пишува професорот Атанас Вангелов во отворено писмо до премиерот Зоран Заев.

повеќе

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе