Повеќекратни неандерталски населувања во пештерата Голема Пешт во Поречјето (ФОТО)

Во тек се археолошките истражувања на локалитетот Голема Пешт, долгорочен проект на Министерството за култура. Годинава е отворена петта сонда во десната страна на пештерата.

Преовладуваат животински остатоци кои не се само внесувани во пештерата како храна туку коските се модифицирани од страна на човекот и најверојатно употребувани како орудија/оружје.

Носител на проектот е  Археолошкиот музеј, а раководител на истражувањата е Љиљана Шаламанов-Коробар.

„Вториот елемент  особено значаен за палеолитската култура е откривањето на камените артефакти употребувани за алат од страна на  неандерталската популација. Изборот е особено интересен. Станува збор за наоди од горски кристал. Најверојатно оваа суровина е бирана и поради тврдината како и поради убавината и прозрачноста на овој минерал“, се вели во соопштението од Археолошки музеј на Република Северна Македонија.

За крајот на ископувањата, како што се наведува, е предвидено собирање на седиментацијата за уште шест наредни слоеви и повторување – доставување од минатата година за анализата ОСЛ. Резултатите се очекуваат за една година.

„Досега се поставени различни по димензии сонди и регистрирани се 22 геолошки слоја. Откриени се камени ракотворби (орудија и оружје) и животински остатоци. Типолошките и технолошките белези на материјалните наоди укажуваат на постоење на среден палеолит. Прелиминарни податоци од анализата ОСЛ – лабараторија на Институтот Макс Планк, Германија – се однесуваат на слоевите 2 и 3 со старост од 60.000 години п.н.е. За слојот 5 датумот е 104.000 п.н.е“, се вели во соопштението.

Палеолитското наоѓалиште Голема Пешт се наоѓа на 65 километри од главниот град Скопје во близина на селото Здуње и над новоформираното езоро Козјак (некогашна река Треска). Пештерата е долга 35 метри и широка 18 метри, има мало плато пред неа и поглед и прегледност на целата околина и кон север кон југ.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе